Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Колку и да е тешка и стресна ситуацијата кога децата заминуваат по својот пат и престануваат да живеат со родителите, сепак тоа не е најстресниот период за родителите.
Американските научници утврдиле дека родителите најнесреќно се чувствуваат во детскиот период меѓу детството и тинејџерските години, Во прашање се 11 или 12 години.
Мајките тогаш најчесто патат од депресија, повеќе од тоа кога децата се тинејџери.
„Голем број мајки не се свесни дека големото и најболното одвојување на потомоците од родителите не настапува кога детето ќе го напушти своето гнездо, туку кога психолошки се оддалечува од нив. Тоа е психолошка метаморфоза и за мајката и за детето. Не само што некои деца доживуваат големи хормонални промени во тоа време, туку се однесуваат и поотуѓено и имаат поголема одбивност кон мајките“, изјави професорката Санија Лутар, која го предводеше истражувањето.
Со оглед на тоа дека кај жените околу 42-та година почнува да се намалува нивото на естроген и прогестерон, тие се чувствуваат помалку грижливи, така што и кон децата и кон партнерот немаат толку топол однос.
Исто така задоволството од децата се зголемува кога тие ќе излезат од пубертет.