Кој друг ако не „кралот“ – Роналдо најпопуларен спортист во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познатиот американски медиум „ESPN“ направи листа од 100 најпопуларни спортисти во светот, каде Кристиано Роналдо се наоѓа на првото место пред Леброн Џејмс и Лионел Меси.

За одредување на популарноста на спортистите користен е посебен алограм, а параметрите кои се земени во предвид биле вкупната заработка во кариерата, присуството на социјалните мрежи и гугл претражувањата.

Фудбалерите доминират на листата, дури 38 вкупно, а меѓу Топ 10 е уште Бразилецот Нејмар кој се наоѓа на 6-то место. Најскапиот фудбалер на светот Пол Погба се наоѓа на 40-то место.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се наоѓа на 12-то место, а од тенисерите најдобро пласиран е Роџер Федерер кој се наоѓа на 4-то место, па Рафаел Надал кој е на 9-та позиција. Од спортистите од овие простори на листата се најде и Иван Ракитиќ кој е на 50-то место.

После фудбалерите најприсутни се кошаркарите кои ги има вкупно 13, па покрај Леброн Џејмс тука се и Кевин Дурент на 8-то место и Стеф Кари на 11-то место.

Од женските спортисти најдобро пласирана е Серена Вилијамс на 19-то место, додека Марија Шарапова се најде на 23-то место.