Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со куршум во глава убиен е струшкиот бизнисмен Дилавер Бојку Леку сред бел ден на плажа во Струга. Убиецот на некогашниот познат осуденик за нелегална проституција е во бегство. Во јавноста веќе се шират гласини дека се работи за крвна одмазда, пишува Курир.
Контроверзниот бос од Велешта, Дилавер Бојку Леку е убиен во вооружен напад на плажата ,,Аква Блу” на влезот во Струга, кај старата автобуска станица. Сведоци на крвавиот инцидентот кој се случи сред бел ден,нешто пред 17 часот биле бројните капачи кои во моментот кога се случил немилиот настан биле на плажата со која убиениот стопанисувал.Никој од присутните не сакаше да зборува пред камера, видно потресени,бегајќи ја напуштаа плажата.
Од полицијата не соопштуваат детали како дошло до инцидентот,и што всушност се случувало.Она што се знае, е дека некогаш познатиот осуденик за нелегална проституција , бил убиен со еден куршум со главата. Дежурните лекари се обиделе да го спасат Леку кого во струшката општа болница го донеле со приватен автомовил.
– Околу 16.40 мин е донесено лицето Бојку Дилавер од приватни лица,не беше донесен со кола од брза помош. Примен во хируршкото одделение во Струга, видено е кај него прострелна рана во главата.Веќе беше во агонија,односно во биолошка смрт.Иако се обидувавме со анестезиологот дадовме брза интервенција, но не се успеа да се врати во живот, изјави Илми Речи-хирург.
И додека полицијата трага по убиецот,во јавноста актуелни се гласините дека се работи за крвна одмазда. Веста за убиството веднаш ја пренесоа и медиумите од регионот.Спрски ,,Телеграф” објави натпис насловен: Убиен еден од главните босови на албанска мафија,некрунисаниот крал на проституцијата на Балканот. Против него од 1979 до 2001-ва година полицијата поднела 17 кривични пријави за проституција но тој прв пат,како што пишува Телеграф, беше уапсен и осуден во 2003-та година. Кога излегол од затвор започнал легален бизнис во туризмот и угостителството.
Полицијата работи на расветлување на случајот.