Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најстариот занает на светот не опстојува само поради долговечноста и потрагата по повеќе, туку и поради одличната заработка на највисоко ниво.
А од сумите кои во кеш ги вртат некои од најславните ескорт девојки сериозно може да ви се сврти во глава, па и да посакате да преземете некој „поконкретен чекор“.
10. Захија Дехар
Захија Дехар наплаќа 32.000 долари месечно за своите услуги, а во цената е вклучено пријатно дружење со жената која направи сè за да изгледа како човечката верзија на Барби куклата. Во медиумите нејзиното име одекна кога беше откриено дека учествувала во ланец со малолетничка проституција, бидејќи почнала да се занимава со најстариот занает на светот на само 17 години.
10. Zahia Dehar
9. Лоредана Џоли Фериоло
Ако нејзиното име ви звучи познато, станува збор за една од проститутките вклучени во скандалот со славниот голфер Тајгер Вудс, сигурно оттаму ви е позната. За нејзината цена малку се знае, па кружат муабети дека на група мажи им наплаќа по 15.000 долари или 2.000 долари за самец по „третман“. Своевремено планираше да издаде книга во која ќе ги открие необичните сексуални навики на Вудс, но такво четиво уште се нема појавено.
8. Мис Маја Блу
Ако сакате да поминете една ноќ со секси бринетата Маја Блу ќе мора да искеширате 3.000 долари, бидејќи таа е многу популарна во богаташките кругови. Има сопствен сајт на кој можете да најдете и ценовник, да разгледате фотки и да поставите прашање. Дури и не мора да живеете во ист град. Таа е подготвена да допатува до кај вас и токму таа флексибилност (а уште повеќе нејзината подготвеност да одговори на сите барања) е она поради кое стана една од најбараните во нејзината работа.
7. Касандра Еле
Дури и цената од 3.500 долари за ноќ не ги колеба клиентите на Касандра, кои таа ги има во голем број што има слобода да бира со кого ќе го помине своето време. Живее во Њујорк и нуди низа услуги за таа цена, со цел да ги задоволи своите богати клиенти.
6. Ешли Дупри
Ешли стана релативно позната за време на проституцискиот скандал во кој беше вклучен њујоршкиот гувернер Елиот Шпицер, кој е само еден од многуте кои платиле 4.300 долари за една ноќ со неа. За жал на нејзините клиенти, бизнисот го напушти, но своевремено беше барана „роба“ што би се рекло жаргонски. Денес пишува колумни за Плејбој.
5. Ава Џи’а
Ава некогаш тргуваше со недвижнини, но влезе во тежок период од животот кога нејзиниот татко мораше да се подложи на скапа операција на срцето. Набрзина испита што треба да направи за да влезе во светот на ескорт дамите за богати клиенти и се впушти во акција. Тргна од 4.500 долари неделно, а за кратко време стигна до цена од 6.500 долари за ноќ.
4. Натали МекЛенан
Во бизнисот сите ја знаат само под името Наталија, а своевремено се најде на насловна од New York Magazine како најскапа ескорт дама во Њујорк, а тоа во паричен превод значи 16.000 долари за вечер помината во нејзино друштво. На крајот беше уапсена поради вмешаност во ланец со проституција и перење пари. Подоцна напиша книга за своите искуства, но како писателка заработи далеку помалку кеш.
3. Лорен
За мистериозната Лорен се знае многу малку, но она што го знаеме е дека за една ноќ со неа треба да имате 24.000 долари вишок. Според муабетите од клиентите на форумите за ескорт авантури, Лорен е апсолутен хит. Не само поради сексуалните вештини, туку и поради духовитоста, карактерот и неверојатниот шарм. Работи соло и до клиенти доаѓа строго преку специјализирани форуми.
2. Најдоброто од најдоброто во Кан
Филмскиот фестивал во Кан е вистински рај за проститутките од висока класа, бидејќи ескорт услугите во Кан се нешто како „кец на десетка“, вистинска лотарија. Во една вечер можете да заработите целогодишна плата. Имено, две недели пред почетокот на фестивалот, цената за ескорт услугите вртоглаво скока од четири илјади на дури 40.000 долари од вечер. Важно е на црвениот тепих покрај себе да имате жешка убавица, а богаташите понекогаш се спремни да издвојат прилично дебели суми за таа цел.
1. Мишел Браун
Мишел е кралица на ескорт светот, а во бизнисот е веќе долги години и се смета за една од главните „муцки“ во оваа фела. Прознава дека води ескорт агенција чии услуги ги користат некои од најголемите холивудски ѕвезди и познати милионери и милијардери. А за каква клиентела станува збор доволно говори фактот дека една ноќ со неа чини 50.000 долари.