Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Една од најпопуларните онлајн продавници за спортски артикли откри чии се најпродаваните дресови на фудбалери од англиската Премиер лига од почетокот на сезоната.
Очекувано на врвот е ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба кој ова лето пристугна на „Олд Трафорд“, а веднаш зад него е Златан Ибрахимовиќ.
Познато е дека „црвените ѓаволи“ продаваат најмногу дресови на Островот, па во Топ 10 имаат уште двајцва фудбалери – Давид де Геа и Маркус Рашфорд.
Високо пласирани се и двете ѕвезди на Арсенал, Санчез и Озил, а Манчестер Сити нема ниту едно име меѓу најпродаваните 10.
Топ 10 најпродавани дресови:
1. Пол Погба (Јунајтед)
2. Златан Ибрахимовиќ (Јунајтед)
3. Алексис Санчез (Арсенал)
4. Месут Озил (Арсенал)
5. Филипе Кутињо (Ливерпул)
6. Давид де Геа (Јунајтед)
7. Садио Мане (Ливерпул)
8. Дмитри Паје (Вест Хем)
9. Еден Азар (Челзи)
10. Маркус Рашфорд (Јунајтед)