Кои се Македонците на сликата со Коби и како Алфа тимот го освоил 6-то место на тоа СП?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес светот тагува по спортската икона и легенда Коби Брајант.

На социјалните мрежи се појави една фотографија на која Коби во младоста е сликан покрај македонско знаме. Таа фотографија настанала на Светското првенство во стритбол во Франција во 1998 година.

На тоа Светско првенство Македонија била претставувана од тимот на Алфа 1 од Прилеп и го освои 6. место. Тој резултат бил постигнат во конкуренција на 31 екипа кои играле во 8 групи од по четири екипи. Единствено во групата на Алфа имало три екипи.

Алфа 1 тимот играл во група со домаќинот Франција и претставник на Сингапур.

Во тимот играле: Штипјанецот Марјан Ѓуров, како и Прилепчаните: Менде Папазоски, Алмир Мифтароски и Дарко Спиркоски. Групата ја завршиле како првопласирани благодарение на двете победи. Во осминафиналето слават против унгарски претставник, а во четвртфиналето биле поразени од екипата на СР Југославија која подоцна го освоила турнирот.

По натпреварот зачувана и изјава на Дарко Спиркоски.

„Ако во четвртфиналето ги избегневме Југословените можевме да бидеме и вицешампиони. За популаризација на ова СП придонесе и присуството на играчот на Лејкерси, Коби Брајант“, изјавил Спиркоски.