Home Живот и здравје Кои јаткасти плодови смеат да јадат кучињата?

Кои јаткасти плодови смеат да јадат кучињата?

Поради високата содржина на влакна, протеини и здрави масти, јаткастите плодови претставуваат одличен вид грицки – за луѓето.

Од друга страна, доколку имате куче како домашен миленик, мора да бидете многу внимателни при изборот на овие плодови. Постојат некои што кучињата смее да ги јадат, но дури и тие треба да се нудат само во одредени прилики и во многу мала количина. Преголем внес на овие грицки може да доведе до дебелеење или дехидратација.

Кои јаткасти плодови кучињата смеат да ги јадат?

Всушност, сите јаткасти плодови претставуваат ризик за кучињата. Ова главно се должи на нивната висока масленост и фактот дека кучињата лесно можат да се задушат ако ги јадат невнимателно. Сепак, постојат неколку видови јаткасти плодови што повремено може да му ги дадете на вашето куче. Од друга страна, некои јаткасти плодови се многу токсични и можат да предизвикаат трајни проблеми ако кучето ги проголта.

Дозволени јаткасти плодови

Индиски орев – Овој плод во мала количина може да му се понуди на кучето. Сепак, треба да внимавате да биде несолен.

Костен – Иако костенот е безбеден за кучињата, тој не е најдобрата ужинка бидејќи доколку кучето го проголта без да го сџвака, може да му биде тешко за варење.

Кикирики – Обичниот, несолен кикирики е безбеден за кучето. Тој всушност припаѓа на групата мешунки слично како грашокот и леќата. Вашето куче треба да добие кикирики без лушпа. Треба да се избегнува путерот од кикирики бидејќи содржи вештачки засладувачи што се токсични за кучињата.

Пистации – И овој плод е безбеден за вашето куче, но само во мали количини. Секако, кучињата треба да јадат пистации без лушпа, бидејќи во спротивно може да дојде до исекотини во нивната усна шуплина.

Забранети јаткасти плодови

Бадеми – Иако не се токсични за кучињата, бадемите не се препорачуваат како грицка за нив. Ако вашето куче случајно изеде неколку бадеми, внимателно следете го затоа што може лесно да се задуши.

Бразилски ореви – Поради екстремно високата содржина на масти, се препорачува избегнување на хранење на кучињата со овие ореви. Исто така, тие може да претставуваат закана за дигестивниот систем на помалите раси.

Лешници – Слично како бадемите, лешниците поради својот облик претставуваат голем ризик од гушење кај кучињата.

Макадамија ореви – Овој вид ореви е исклучително токсичен за кучињата. Ако ги изедат, може да почувствуваат тешко тресење, слабост, па дури и парализа на екстремитетите и воспаление на зглобовите. Доколку се сомневате дека вашето куче изело оваа јатка, веднаш контактирајте со вашиот ветеринар.

Ореви – Овој вид јаткасти плодови претставува голема опасност за кучињата бидејќи нивниот неправилен облик може да предизвика дигестивни блокади.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Што е поефикасно: 10 илјади чекори дневно или 30 минути тренинг

Откријте што е подобро! Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашиот живот. Кога фит…