Home Живот и здравје Кои јаткасти плодови смеат да ги јадат кучињата?

Кои јаткасти плодови смеат да ги јадат кучињата?

КОИ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ МОЖАТ ДА ЈАДАТ КУЧИЊАТА?

Поради нивната висока содржина на растителни влакна, протеини и здрави масти, јаткастите плодови се одличен избор за ужина – за луѓето.

Од друга страна, доколку имате миленик – куче, мора да бидете многу внимателни при изборот на овие плодови. Постојат некои кои вашето куче може да ги консумира, но тоа треба да биде во специјални прилики и во многу мала количина. Преголемата консумација на овие закуски може да доведе до дебелеење или дехидрација.

КОИ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ МОЖАТ ДА ГИ ЈАДАТ КУЧИЊАТА?

Всушност, сите јаткасти плодови претставуваат ризик за кучињата. Тоа е пред сè поради високата содржина на масти во нив и фактот дека лесно можат да се задават ако ги јадат невнимателно. Постојат неколку видови јаткасти плодови кои можете повремено да му ги дадете на вашето милениче. Од друга страна, постојат и многу отровни видови што може да му предизвикаат трајни проблеми доколку ги проголта.

ИНДИСКИ ОРЕВ – Овој плод во мала количина може да му се даде на кучето. Сепак, внимавајте да биде несолен.

КОСТЕН – Иако костенот е безбеден за кучињата, тој не е најдобриот избор за ужина, бидејќи ако кучето го проголта без да го изџвака, може тешко да го свари.

КИКИРИКИ – Обичниот, несолен кикирики е безбеден за кучето. Всушност, тој припаѓа во групата на мешунки, како грашокот и леќата. На вашето куче треба да му го дадете без лушпа. Избегнувајте путер од кикирики бидејќи содржи вештачки засладувачи кои се токсични за кучињата.

ПИСТАЦИ – Овој плод е безбеден за вашето куче, но само во мали количини. Секогаш давајте му лупени ф’стаци за да избегнете можни повреди во устата.

ЗАБРАНЕТИ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ ЗА КУЧИЊА

БАДЕМИ – Иако не се токсични за кучињата, бадемите не се препорачуваат како закуска. Ако вашето куче случајно изеде неколку, внимавајте бидејќи постои опасност од задушување.

БРАЗИЛСКИ ОРЕВ – Поради високата содржина на масти, не се препорачува за кучињата. Бразилските ореви можат да бидат опасни и за дигестивниот тракт на помалите раси.

ЛЕШНИЦИ – Слично како бадемите, и лешниците можат да претставуваат голем ризик од задушување кај кучињата.

МАКАДАМИЈА – Овој орев е исклучително токсичен за кучињата. Доколку го изедат, може да искусат тресење, слабост, парализа на екстремитетите и воспаление на зглобовите. Веднаш контактирајте ветеринар ако се сомневате дека вашето куче го изело овој орев.

ОРЕВ – Овој јаткаст плод претставува голем ризик по здравјето на кучето поради неправилниот облик, кој може да предизвика стомачни блокади.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Што е поефикасно: 10 илјади чекори дневно или 30 минути тренинг

Откријте што е подобро! Сите видови бројачи на чекори станаа дел од нашиот живот. Кога фит…