Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Делегација на италијанскиот гигант Милан синоќа беше во Лисабон на натпреварот помеѓу Спортинг и Реал Мадрид, а медиумите денес открија кои фудбалери ги следеле „росонерите“.
Имено, новиот директорски двоец на Милан, Марко Фасоне и Масимилиано Мирабели синоќа беа во Лисабон за одблизу да следат неколку фудбалери, со оглед на фактот што „росонерите“ ќе бидат многу активни во зимскиот преоден рок.
Под специјална опсервација беа двајцата играчи на Реал Мадрид, Матео Ковачиќ и Иско, кои уште од минатото лето се желба на „росонерите“ кои сега ќе бидат финансиски моќшни за да реализираат трансфери од ваков калибар.
Притоа беа следени двајца играчи на Спортинг, а станува збор за играчот за врска Рикардо Карваљо, кој неодамна стана европски шампион со Португалија и дефанзивецот Семедо.
Ова се чеворицата фудбалери кои се на радарот на Милан, кој во зимскиот преоден рок ќе сака да го засили особено средниот ред.