Кого најмногу, а кого најмалку сакате на Инстаграм?


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Корисниците на социјалната платформа Инстаграм сега може да имаат олеснување при изборот во одлуките кого да почнат или продолжат да следат, а кого да престанат да следат на оваа мрежа.

Инстаграм вметнува две нови опции, кои би можеле на корисниците да им го олеснат изборот кого да престанат да следат и им покажува со кој најмногу комуницираат.

Првата опција се вика „Most Shown in Feed“ и таа покажува кој Инстаграм профили најчесто се појавуваат на вашата почетна страница.

Другата опција се вика „Least Interacted With“ и таа ви покажува чии фотографии најмалку сте ги лајкуивале, коментирале, како и чии сториња најмалку пати сте ги виделе.