Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Од токиската универзитетска болница Кеио пренесоа прекрасна и позитивна вест за предвреме роденото јапонско бебенце кое на свет пристигна со тежина од само 268 грама.
Персоналот од болницата во Токио соопшти дека бебенцето е пуштено од болница со 12 пати поголема тежина и без здравствени проблеми. Ова е најмалото родено машко бебе во светот што излегло од болница без здравствени проблеми. По петмесечен престој на одделението за неонатологија, момчето минатата недела било пуштено од болница со 3.238 грама и нормално цица.
Бебето било родено во 24 недела од бременоста, откако престанало да расте во стомакот на мајката. Кога се родило можело да го собере во две споени дланки.
Ова бебе, кое минатата недела беше пуштено дома, е родено со досега најмала забележана тежина за новородено момче. Досега рекордот го држеше машко бебе од Германија родено во 2009 година со 274 грама, а најмалото родено женско бебе е исто така родено во Германија во 2015 со 252 грама.