Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Причината за одложување на летовите на големите светски аеродроми најчесто е невреме, но оние кои последните недели летаат од Њујорк имаат искуство со други проблеми.
Четириесет желки доведоа до одложување на летовите од Меѓународниот аеродром Џон Ф.Кенеди минатиот петок.
Желките го прекинаа полетувањето на авиони мигрирајќи поради годишниот ритуал на гнездење, односно парење.
Подрачјето на аеродромот ЏФК, во близина на заливот е област, каде живеат желките од видот Malclemus terrapin.
Нивната миграција не е ништо ново, но секоја година им задаваат главоболки на пилотите, на контролата на летање и на луѓето кои работат на пистата и околу неа.