Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Снимка од апсењето на 21-годишна девојка која била запрена од полиција додека возела под дејство на алкохол стана вирален хит кога неодамна се појави на социјалните мрежи.
Инцидентот се случил во декември минатата година, кога полицијата ја запрела Тереза Ли како вози во алкохолизирана состојба. Бидејќи и бил оштетен браникот, се посомневале дека таа е одговорна и за соборување на семафорот во близина и за бегство од местото на настанот.
Девојката постојано во солзи повторувала дека татко ѝ е полицаец и инсистирала да му се јави. И тогаш желбата ѝ се исполнила, се појавил татко ѝ – и ѝ кажа дека е уапсена и да се смири. Бесниот татко застанал на страната на своите колеги и во еден момент и викнал: „Застани и влези во колата, приведена си!“
Липајќи, девојката повторила дека е „капитен на фудбалскиот тим“, но тоа не помогнало. Таа била приведена во полициска станица.
Потегот на таткото воодушеви многумина. „Почит до нејзиниот татко! Тој само даде добар пример не само за неговата ќерка, туку и за целата полиција!“, „Како ќерка на заменик на шерифот, никогаш не сакав да имам проблеми со законот бидејќи тато секогаш ни кажуваше ќе нѐ остави да седиме во затвор ако го доведеме до тоа. Мило ми е што ја уапсија. Можеби ќе научи да не пие и да вози“, „Одлично што ѝ одржа лекција на потешкиот начин“, беа само некои на коментарите.