Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Минатиот петок, за Американецот Пол Дубоa буквално беше црн петок поради случката која му се случи додека се возел со својот BMW X5 по улиците градот Скотсдејл.
Кога поминувал токму покрај продажно-изложбениот салон на „McLaren“, Пол бил удрен од друг автомобил. И, како што обично се случува, тој изгубил контрола над возилото и завршил во сосема нов McLaren 720S.
„Ѕверот“ бил паркиран пред изложбениот салон, а BMW целосно му го уништил предниот дел и го вратил во рикверц . А таму имало ѕид и стаклен излог, па и задниот дел на возилото е уништен.
И тоа не е крај затоа што стаклото од прозорецот заврши во друг Мекларен паркиран во салонот.
За среќа, немало минувачи пред салонот и никој не бил повреден. И, на Пол можеби му е полесно што не е виновен за несреќата, па затоа нема да мора да ги сноси трошоците од штетата. Салонот на McLaren не соопшти колкава е штетата, но не биле премногу возбудени од несреќата.