Кога стануваат неефикасни и колку често треба да се менуваат заштитните маски за лице?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во период кога на повеќе страни од планетата се очекува или веќе се случува нов бран на зголемени бројки на новозаразени со КОВИД-19, здравствените работници и голем број експерти рекоа дека маските на лицето мора да се заменат ако станат влажни и ги повикаа владините службеници да дадат на јавноста „јасни упатства“ за носење маски за време на влажно време.

Иако маските на отворено не се задолжителни во Велика Британија, некои луѓе избираат да ги чуваат на лицето додека шетаат помеѓу различни локации.

Тим Спектор, професор по генетска епидемиологија на Кралскиот колеџ во Лондон, за „Тајмс“ изјави: „Сега би било корисно да и дадете прецизен совет на јавноста“.

„Маските треба редовно да се менуваат, а тоа е особено важно во топло и влажно време.

Асим Мелотра, консултант по кардиологија, додава: „Очигледно е дека маските се навлажнуваат додека луѓето купуваат и патуваат во лоши временски услови“.

Според официјалните упатства на Министерството за здравство и социјална заштита, секој треба „да ја смени маската за лице ако се навлажни или ако ја допрел со рацете“.

Слично на тоа, упатствата на СЗО наведуваат дека маските за лице од ткаенина треба да се состојат од најмалку три слоја од различен материјал. Сепак, се додава дека влагата може да ја загрози оваа заштита.

Исто така, се наведува дека, иако маските N-95 се сметаат за едни од најефикасните во спречување на инфекцијата, неткаен материјал што се користи не одбива вода, што значи дека секоја влага може да ја ограничи нивната безбедна и ефикасна филтрација, пренесува „Индипендент“.