Кога случајно ќе ги зачекаш Бијонсе и Џеј Зи во хотел


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бијонсе и Џеј Зи во саботата стигнаа и престојуваа во луксузен хотел во Њујорк, а фотографијата на која една повозрасна жена подзинува од случајната средба со нив во хотелскиот ходник стана апсолутен хит на социјалните мрежи, пренесува ВВС.

Бијонсе и Џеј Зи беа тргнати на забавата во очи доделувањето на Греми наградите, а повозрасната госпоѓа која ги сретна во хотелското фоаје буквално подзина. Бијонсе се насмеала на тоа и наводно и дала автограм на импресионираната женичка.

„Да бидеме искрени, апсолутна ѕвезда на фотографијата е постарата госпоѓа. Нејзиниот израз на лицето е бесценет“, беше еден од коментарите за фотката.