Кога си слаб со логика, и собирањето е тешка наука (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Додека седеше во кујната, во својот дом во Ливерпул, брачен пар на кој не му ги гледаме лицата, реши да ги провери логичко-математичките способности на нивната ќерка тинејџерка.

Загатката која ја доби девојчето гласеше: Мајка и татко имаат четири ќерки, а секоја од нив има по еден брат. Колку вкупно членови има нивното семејство?

И додека таа се обидуваше да пресмета, тие се „гушеа“ во смеа.

„Мајката и таткото, тоа се двајца, и четири ќерки, тоа се шестмина, а потоа и секоја од нив по еден брат, уште четири – значи десет“, на глас сметаше девојчето додека родителите ја исмеваа.

Во текот на снимката девојката станува сè позбунета, а родителите сè помалку се воздржуваат од гласното смеење. Иако мама се обиде да биде од помош, упатувајќи ја дека тоа што секоја ќерка има по еден брат не значи дека се четворица браќа, девојчето си продолжи по свое.