Кога се сака – се може: Загрепчанка со автостоп стигна до Бора Бора


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ана Бакран користејќи само автостоп како превоз си ја исполни својата желба и од Загреб стигна на рајската дестинација Бора Бора. Своето авантуристичко патешествие го започна во април, 2013 година, а деновиве, три и пол години подоцна, најпосле стигна на својата одредена дестинација.

17-11-ana-avtostop1

„Ќе те силуваат, ќе те убијат, не знаеш што правиш, невозможно е со автостоп да стигнеш дотаму“, беа некои од песимистичките и негативни муабети и коментари кои Ана ги слушаше додека патуваше, но не дозволи истите да ја поколебаат и одвратат од реализација на својата намера.

17-11-ana-avtostop2

Измина 70.000 километри и посети 25 различни земји, а за својата авантура вели:

„Се трудев да не го прекршам своето единствено правило и да не платам за ниту еден превоз на патот до Бора Бора. Сепак, имаше ситуации кога едноставно немаше друг избор освен да платам за пат. Граничната полиција во Туркменистан и Кина не сакаше да ме пушти со автостопирање или пешачење да поминам меѓу двете локации за проверка на документи на границата, туку ме принудија да платам минибус ако сакам да влезам во државата“.

17-11-ana-avtostop3

17-11-ana-avtostop4

Првата година патувала со уште 18 автостопери кои ги запознала на патувањето, а втората и третата година одлучила да продолжи сама. За патувањето штедела свои пари.

„Самото патување не ме чинеше многу пари, бидејќи патував исклучиво автостоп, а спиев во вреќа за спиење на плажи, по паркови, бензиски станици и слично. Одморав попатно, кај локално население кое ќе ме поканеше на гости, а понекогаш и во хостел. Трошоците ми беа сведени на храна, хигиенски потреби, осигурување и понекогаш за хостел и виза“, вели Ана.

17-11-ana-avtostop5

17-11-ana-avtostop6

Ги пробала сите автентични локални кујни, од змија, преку морски плодови, до црвје, шкорпии, тарантули и готвени кучиња, за на Тајланд, по игра на случајност, да се преориентира кон веганската кујна и да стане веган.

17-11-ana-avtostop7

И после три и пол години патување, на Ана не ѝ е доста од тоа. „Планирам ново патување и тоа со својата мала внука која има деветгодини и се вика исто како мене, Ана. Кога заминав на пат уште не беше тргната во школо, а сега веќе оди во четврто одделение. Своето семејство го немам видено три и пол години, но цело време ми беа неверојатна морална поддршка. На внука ми ѝ ветив дека веднаш после Нова година ќе ја носам на патувачко изненадување, но не сакам да ѝ ја откријам дестинацијата до моментот на тргнување со авион“; открива Ана.

17-11-ana-avtostop8

Затоа, следен пат кога ќе помислите дека не можете да направите и постигнете нешто, потсетете се на Ана, која е доказ дека желбите и соништата можат да се остварат ако сте доволно посветени и упорни.