Home Шоубизнис Кога повеќе ги нема таткото и мајката, ниту омилениот град не е ист: Сања Маринковиќ емотивна

Кога повеќе ги нема таткото и мајката, ниту омилениот град не е ист: Сања Маринковиќ емотивна

Сања Маринковиќ ретко зборува за приватниот живот, но овој пат ја отвори својата душа.

Водителката и телевизиско лице, Сања Маринковиќ, веќе долги години е многу популарна, но за нејзиниот живот се знае многу малку.

Сања е родена 1974 година во Белград. Во родниот град завршила основно образование и XII гимназија. Студирала менаџмент на Високата бизнис школа, а потоа и финансиски менаџмент на Универзитетот Мегатренд. Зборува англиски и француски јазик.

Сања во средно училиште посакала да се занимава со новинарство.

Многу ретко зборува за својот приватен живот, а во едно интервју признала дека имала многу среќно детство.

Истакнала дека нејзините родители се труделе секој дополнителен динар да го потрошат за да ја однесат неа и нејзиниот брат Бојан на патувања. Љубовта кон патувањата ја наследила токму од нив, а ја пренела и на својот син.

Така Сања неодамна отпатувала во Лондон, кој како што напишала, ѝ е омилен град, но таму доживеала многу тежок и емотивен момент.

„Сè е на испит, а најмногу љубовта и почитта… Никогаш не е доцна за мојот најомилен град на планетата. Емотивно ми беше многу тешко, бидејќи најубавите моменти на лондонските улици ги поминував со моите родители,“ напиша Сања.

Да потсетиме, нејзината мајка Добрила го загуби животот 2024 година по кратка борба со тешка болест. Сања Маринковиќ ја затекна тажната вест за мајка ѝ додека беше на снимање на емисијата „Магазин ин“.

Водителката била многу приврзана за своето семејство.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …