Кога помалото е поскапо: Овој е најскапиот еднокреветен стан на светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Малата квадратура на станот не мора да значи дека истиот мора да биде клаустрофобичен, пренатрупан и целосно неудобен за живот. Со помош на правилниот дизајн и просторното планирање таквите места би можеле да станат дом.

22-11-najskap-ednosoben-stan1

Станот се наоѓа во Лондон и е еден од најскапите и најелитни мали станови во светот. Иако е на два ката, станот во секој, па и во техничка смисла е еднособен. Или, да бидеме покоректни, станува збор за еднокреветен стан.

22-11-najskap-ednosoben-stan2

Горното ниво на гарсоњерата има голема двојна спална соба со приватна бања. Првиот кат е простор за дружење со отворена дневна соба и трпезарија, а има и бања.

22-11-najskap-ednosoben-stan3

Зградата во која се наоѓа станот има голем број погодности, како што е 24-часовното обезбедување, услуги на собарка и собна услуга од хотелот во близина „Мандарин Ориентал“, приватна винска визба, базен, сауна, терен за сквош, кино сала и услуга од батлер.

22-11-najskap-ednosoben-stan4 22-11-najskap-ednosoben-stan5