Точно така, 2017 NYC Taxi Drivers Calendar е готов за промоција и дистрибуција меѓу корисниците, а за потребите на овој календар позираа вистинските њујоршки таксисти во сатирично имитирајќи ги пин-ап фото едиторијалите.

16-11-nytaxidrivers-calendar1

„Оригиналната идеја дојде од ироничниот календар кој го направивме со мојот најстар брат како божиќен подарок за неговата сопруга во 2012 година“, изјави Филип Киркман, едната половина од тандемот кој стои зад создавањето на овој календар. Другата половина од креативното дуо е неговата сопруга Шенон Киркман.

16-11-nytaxidrivers-calendar2

„Календарот добро помина кај семејството и нашите пријатели, па бидејќи јас неодамна го напуштив моето работно место во финансискиот сектор за да се посветам на покреативен творечки пат кој ја вклучува и комичноста, со Шенон решивме таа постара идеја да ја развиеме за поширок круг на публика“.

16-11-nytaxidrivers-calendar3 16-11-nytaxidrivers-calendar4 16-11-nytaxidrivers-calendar5 16-11-nytaxidrivers-calendar6 16-11-nytaxidrivers-calendar7 16-11-nytaxidrivers-calendar8