Кога Марфи ќе замеша прсти во изненадувањето со романтично запросување (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Млад Американец решил да ја запроси саканата и тоа да биде посебно – ја извел при еден водопад во сојузната држава Колорадо, секако – без таа да ги знае неговите намери.

Но, во најважниот момент, вљубениот Ендру Шумен го испуштил прстенот во водата.

– Ние отидовме и се подготвувавме да скокаме. Цело време го стискав прстенот в рака. И, во најважниот момент почнав да паничам и кога паднав на колена и ја отворив раката, прстенот исчезна, раскажува тој.

Во тој момент кај него настанал хаос, па ги заборавил и зборовите на својата заклетва.

– Чувствајќи очај, јас сепак успеав да се приберам и сепак и предложив брак, додава Ендру.

Приказната има среќен крај. Девојката рекла – да!