Кога љубовта испишува трагедија – вистинската приказна за оваа позната балада


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Музичките балади се редовна понуда на музичкото мени во моментите кога луѓето се под емотивен набој, било романтичен и љубовен, било носталгичен и тажен.

Во секоја музичка балада некој може да пронајде дел од себе, делче од изгубеното време или изгубена личност.

Дел од песните настанале како директна посвета на одредени лица, инспирирани од вистински настани. Една од таквите песни е и познтата „Ту ноч кад си се удавала“ од Прљаво казалиште, која настанала според вистински настан.

Во песната главната улога ја има член на бендот Јасенско Хоура кој имал девојка која требало да го чека да се врати од војска. По неговото враќање од војска дознал дека имаат закажано свирка за венчавка, за која се испоставило дека е на неговата девојка.

Истата приказна со малку поинаков и трагичен крај се нашла како втора верзија на песната, бидејќи според наводите девојката се убила во моментот кога го видела поранешното момче.