Кога кочниците на Porsche 911 Turbo S нема да си ја завршат работата (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за појачани спортски болиди кои буквално газат со над 300 км/час, еден од главните проблеми често е системот за кочење кој не може секогаш да одговори соодветно во дадени екстремни ситуации.

Еден од пеколните болиди е Porsche 911 Turbo S, кој што средиле во 9ff. Има неверојатни 1.800 КС и забрзува како малку кој болид на денешнината. Потребни му се само 5,42 секунди за да се забрза од 100 до 200 км на час, додека од 200 до 300 км на час стигнува за 7,46 секунди.

Но, ова Porsche може да го направи и подобро, па затоа во вториот обид на натпреварот Vmax200 во режим на високи вредности од 100 до 200 км на час, стигна за 3,8 секунди, а од 200 до 300 км за само 4,08 секунди. Како што се очекуваше, достигна 365 км на час без никакви проблеми.

Но, возачот потоа ја нагази сопирачката при предност од 580 метри. На 142 км на час, асфалтот исчезна под тркалата, а болидот удри во заштитен браник од сено. Предниот крај на возилото е уништен и засега не е познато дали овој „ѕвер“ воопшто ќе може да се поправи.