Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Комбинацијата од маслиново масло и лимон дава мешан напиток кој претставува моќно „оружје“ со кое можете да им парирате на несаканите вируси и бактерии, а и да си ја вратите загубената енергија. А ефектите од овој моќно здрав пијалок се брзо забележливи
Башка, организмот со комбинација на овие две состојки се детоксицира, а првите резултати се брзо видливи. Прво ќе забележите исчезнување на темните кругови околу очите, односно подочниците. Важно е да бидете истрајни и оваа комбинација да ја пиете секое утро барем еден месец.
Начин на подготовка
Овој здрав „коктел“ ќе го направите така што ќе измешате 1 лажица маслиново масло и 1 лажица лимонов сок и ќе го испиете наутро на празен стомак. По тоа можете нормално да појадувате.
Освен што ќе ја врати силата на телото и ќе го исчисти од токсини, ќе ви го подобри и варењето па ќе имате корист и доколку сакате да ослабете. Веќе по неколку дена употреба на овој здравствен еликсир ќе почувствувате промени кои ќе ве мотивираат да почнете да водите здрав начин на живот.