Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако почесто им се жалите на пријателите дека главата ви чади од премногу прочитани е-мејлови дневно, дека ви е мака од чести телефонски разговори со клиенти, дека веќе тешко го трпите праќањето и примањето понуди од соработници кои треба да се обработат и слични канцелариски дисциплини, или пак од работа со муштерии во бутик или служење гости во кафуле или кафана – сетете се на овие луѓе, па уште еднаш размислете дали ќе се жалите и кукате.