Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Веруваме дека нема потреба да трошиме зборови за да ви кажуваме кој е Здравко Чолиќ. Барем на регионално ниво. Со децении е еден од најпопуларните музичари на просторите од бивша Југославија, кој во ’70-те години од минатиот век се обиде да направи и светска кариера.
Повеќето естрадни ѕведи, како од балкански, така и од светски ранг, кога влегуваат во шоубизнис водите, најчесто одбираат некое друго, позвучно и повпечатливо уметничко име, поразлично од нивниот вистински идентитет.
Тоа го направи и локално мегапопуларниот Чола, кога во периодот помеѓу 1974 и 1978 година објави неколку синглови на англиски и германски јазик, а имаше потпишано и договори со странски издавачки куќи, меѓу кои и Warner Bros. Records, во обид да направи и светска музичка кариера.
Имајќи во предвид дека на странците неговото име би им било малку тешко за изговарање, во тоа време тој зеде друго, „поуметничко“ име, со кое сакаше да се наметне на светската музичка сцена.
И од сите можни имиња, верувале или не, го одбра Дравко (Dravco).
Под тоа име ги издаде сингловите на англиски Madre Mira и Light Me, додека на германски ги сними песните Rock ‘n’ Roll Himmel и Alles Was Ich Hab.
На крајот, сепак се откажа од градење кариера во странство и се посвети на домашниот пазар, а неговите бројни обожаватели веројатно се благодарни поради неговиот неуспех во светски рамки.