Кога имате болки: Ибупрофен или парацетамол – кој лек и кога да се зема


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За менструалните болки, болките во грбот, па до обични главоболки, луѓето најчесто земаат аналгетици кои им се при рака, не водејќи премногу сметка за тоа кој лек е подобро да се одбере.

Најчесто се користат лекови кои содржат парацетамол или ибупрофен, но важно е да се знае дека секој има различен начин на делување и различи нуспојви, така што треба многу внимателно да се избираат.

Ибупрофенот блокира производство на разни хемиски соединенија во телото, кои настануваат како одговор на болеста.

Парацетамолот блокира други ензими во мозокот и ‘рбетниот мозок и така ја спречува болката.

Лековите кои содржат парацетамол се подобар избор за лекување класични симптоми на настинка од лекови засновани на ибупрофенот, покажа една студија на Универзитетот од Саутхемптон.

Научниците открија дека активната супстанца парацентамол е ефикасна во потиснување на класичните симптоми на настинка, како течење на носот, кашлање, кивање и надразнето грло, иако во лекувањето подеднакво се користат двата типови на лекови.

За болките во коските, грбот и стомакот подобар е ибупрофенот.

Сепак, студијата покажа дека треба да се избегнуваат долготрајни конзумирања на ибупрофен, затоа што тој делува многу агресивно на желудникот.

Освен тоа, студијата отрки дека со редовно земање ибупрофен се зголемува ризикот од инфаркт и кардиоваскуларни болести.

Експертите истакнуваат дека сепак тој е подобар избор од парацентамолот кај луѓето кои имаат автоимуни заболувања.