Кога имаш татко фраер: Скопјанец ја „појача“ количката со скии, за снежно уживање


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фотографот Васе Петровски – Аманито од Скопје, направил, односно прилагодил  интересна направа идеална за снежните денови, за семејствата кои што имаат мали деца и бебиња, а сакаат да уживаат во снегот, без при тоа да ги носат малите во раце, пренесува Фокус.

Неисчистените улици од снег му биле додатна инспирација, па истражувајќи на интернет, добил идеја како на количката на неговата ќеркичка Бора да постави стари скии, и излегувањето надвор да го направи вистинска забава за целото семејство.

Деновиве низ Скопје, каде и да се појави со количката на скии, тој е вистинска атракција, а голем е бројот на оние кои што му честитаат, но бараат и совет од него, како да го направат истото со нивните колички, и да се радуваат на снегот со своите бебиња.