Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Добар дел од луѓето воопшто не ги сметаат за важен дел од телото и не им обрнуваат посебно внимание (освен кога треба да ги скратат) на ноктите и нивните промени, кои често знаат навремено да упатат и алармираат на некакви здравствени проблеми кои се случуваат во телото.
Од друга страна, лекарите апелирааат дека секоја нивна промена во изгледот и состојбата е причина на која треба да обратиме внимание. Еве шест такви промени на состојбата на ноктите кои можат да упатуваат на здравствено нарушување.
1. Подуени нокти
Доколку вашите нокти се здебелени и подуени околу прстите, ова може да биде индикатор за воспаление на цревата, респираторни заболувања или заболување на црниот дроб.
2. Суви и кршливи нокти
Кревките и суви нокти вообичаено се поврзуваат со хормонски дисбаланс, бактериски или габични инфекции.
3. Нокти со нееднаквости
Нееднаквостите при ноктите може да бидат предупредувачки знак за артритис, недостаток на железо или лупус. Во таков случај, неопходно е да го посетите вашиот лекар.
4. Дупчиња во ноктите
Малите дупчиња во ноктите вообичаено се индикатор за алопеција, псоријаза, проблеми со сврзното ткиво или недостаток на цинк.
5. Вдлабнати нокти
Во овој случај, може да страдате од дефицит на железо, хипотиреоидизам, кардиоваскуларни заболувања или заболување на црниот дроб.
6. Ноктите што се лупат
Ноктите кои се делат на повеќе слоеви вообичаено се предизвикани од одредени хранливи недостатоци како фолна киселина, протеини, витамин Ц или пак, знак за псоријаза.