Кога генијот сака да биде шоумен: Павуна откачи пред камера (видео)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Физичарот Давор Павуна малку откачи пред камера, а и откако ја заврши изјавата, на прашање од новинарот на STV „што би им порачал на оние кои го сметаат за популист и параноичен теоретичар на завери“. После прашањето следеше шоу од Павуна во траење од една минута и четиринаесет секунди.

„Ме заболе мене за тоа од едноставна причина, јас секоја информација која ви ја кажувам, а говорам во камера, погледнете ме во очи, ја имам директно или од моите студенти или од лично искуство. Јас сум единствен жив Хрват кој поминал сè, од Саи Баба и Бабаџија до Исус Христос и Марија. Амин. Ги поминав сите можни сатанари, имам докторат по физика, а сум јас советувал цела планета, нема веќе посериозна земја во која не сум бил советник, што вие секако, не го знаете тоа. Вие веројатно имате Самсунг на кои јас им бев советник пред 15 години. Јас не сум трета лига, јас сум апсолутно прва светска лига, тоа е како да играте во Реал и Барселона, а прашувате за фудбал. Значи, разликата помеѓу Давор Павуна и другите сероњи за кои се зборува по медиумите – марш, ѓубриња едни, марш. Истанбулската конвенција е зло, не заради божемната забрана или било што, тоа не е за жените, тоа е разбивање на Бога, човекот, семејството и народот. Мрш таму, ѓубриња, Сорос исто така. Мислите дека Орбан е блесав? Орбан се однесува онака како што нормален човек мора да се однесува“, урлаше Павуна.

„Вие сте веќе втор од медиумите кој зборува срање. Ајде сите мрш, ебате“, продолжи Павуна оддалечувајќи се од камерата.