Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сара Јасмин Чафак е модел, актерка, пејачка, текстописец и бивша Мис Универзум на Финска во 2012 година.
Родена е на 25 октомври, 1990 година, во Хелсинки. По таткова страна е Мароканка, додека нејзината мајка е Финка, така што, во Сара е измешано веројатно најдоброто од двете различни култури, преточено во неодолив сексапил и заводливост.
Има дипломирано на Институтот за угостителство во Хелсинки, а едно време водеше и сопствена ТВ емисија посветена на кулинарството.
Моментално е фокусирана на актерската и музичката кариера, а има и важечки договор со агенцијата RNK Media од Финска, како и со холивудската агенција FilmEngine.
Првата улога Чафак ја имаше во акциониот филм Fate од 2016 година, а наскоро ќе биде премиерно прикажан и фински филм во кој таа има помала улога. Моментално глуми во серијата Tough Love.
Покрај модната и актерска кариера, Сара ужива и во професионалното играње покер.