Кога Ф1 пилот ќе седне зад управувачот – „дрифтање“ со Porsche Taykan на Нирбургринг (снимка)


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Бившиот Формула 1 пилот Нико Розберг, не ја крие склоноста кон електричните автомобили, па реши да ги испроба сите најдобри модели од овој вид достапни на пазарот.

Ова дефинитивно го вклучува и Тајкан, чиј успех веројатно го изненади и самото Порше. На пример, Порше досега испорача над илјада примероци на норвешкиот пазар. Патем, досега Норвежаните купувале само неколку стотици Поршеа годишно.

Нико Розберг, седна зад воланот на Тајкан Турбо С и поранешниот светски шампион на патеката Нирбургринг се обиде да го направи најбрзиот круг.

Автомобилот со моќност од над 750 КС (и 1050 Нм) возеше преку влажна површина и не се двоумеше да го исцеди максимално. Автомобилот е ограничен со 260 км на час и забрзува до 100 км на час за 2,8 секунди. И тогаш тој реши да се забавува и да дрифта автомобил тежок 2,3 тони.