Кога е вистинскиот период да се каже „Те сакам“ ?!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако повеќето од луѓето ја чувствуваат оваа фантастична емоција, многумина се воздржуваат да ја истакнат во врската.

Сервисот за запознавање љубовни партнери, Метч, спроведе истражување во кое учествуваа 2000 момци и жени од Велика Британија.

Главната цел им беше да ги откријат љубовните навики на паровите, а посебно да го истражат времето за преземање на некои клучни чекори во врската низ која минуваат.

Голем дел од испитаниците признаа дека чекаат пет месеци пред да кажат на спротивната страна „Те сакам“ за првпат. Тоа е отприлика, истиот временски период по кој се подготвени на светот да му кажат дека се во среќна врска и да ги запознаат партнерите со своите блиски пријатели.

Иако чекаат на изјавување нежни чувства, истата студија покажа дека третина од испитаниците во првиот сексуален однос се впуштаат до две недели по запознавањето, додека првото држење за рака во 34% од случаите се случува дури по првиот секс.