Филм / ТВ

„Кога дрвата паѓаат“ со проекција на престижниот Берлински филмски фествивал

Утре (вторник 20 февруари 2018) ќе се одржи светската премиера на филмот Кога дрвата паѓаат, дебитантски филм на Марисја Никитук на престижниот Меѓународен филмски фестивал во Берлин (Берлинале).

Филмот кој е копродукција помеѓу Украина, Полска и Македонија е селектиран во програмата Панорама на Берлинале 2018. Во текот на фестивалот филмот ќе има 5 фестивалски проекции и 2 затворени проекции за филмските професионалци. Оваа година ова е единствено учество на Република Македонија на овој престижен фестивал.

Македонскотиот креативен придонес во овој филм го дадоа Блаже Дулев како монтажер, Александар Пејовски како ко-композитор, а супервизор и креатор на визуелни ефекти е Крсте Господиновски со цел тим артисти за 3Д и визуелни ефекти.

Филмот ќе се натпреварува за една од следните награди: GWFF – награда за најдобар прв игран филм (50.000 евра), Награда на публиката на Панорама, награда CICAE Art Cinema, награда Peace Film (4,000 евра), награда на Heiner Carow (5,000 евра), награда на Екуменското жири и за етикета на Еуропа синемас (Label Europa Cinemas).

Проектот беше потврден како квалитетен со учество на повеќе маркети и работилници и освоени награди (Baltic Events, Directors Across Borders, MAIA Workshops, ScripTeast, Odesa IFF) уште пред снимање на филмот, а ја доби и престижната наградата Кжиштоф Кишлофски за најдобро сценарио за време на Канскиот фестивал 2016.

По покажаниот огромен меѓународен интерес меѓу филмските професионалци, овој филм доби финансиска поддршка од Украинската државна агенција за филм, од Полскиот филмски институт и од Агенцијата за филм на Република Македонија.

Продуценти на филмот се Украинските компании Директори филмс и Солар Медија ентертејмент, полската компанија Месиџ филм и Фокус ин од Македонија. Компанијата Латидо филм од Шпанија, предводена од Антонио Саура е одговорна за меѓународната продажба и дистрибуција на филмот.

Берлинале е еден од најголемите меѓународни филмски фестивали од А категорија. Оваа година фестивалот ќе се одржи од 15-25 февруари во Берлин, Германија.

Панорама Берлинале е една од главните програми на фестивалот оформена во 1982 година како селекција за неконвенционални филмови проширувајќи ги границите на значењата и визуелна естетика. Панорама ја формулира својата мисија на следниот начин:

„Уметничка визија, храброст да се биде поинаков, желба за непознатото, длабока историска свест или пионерски личности: целта на Панорама е да се бараат ширум светот нови импулси во доминантните трендови и кинематографска креација и да се претстават во спектарот на програмата“.

Оваа година Панорама го избра слоганот: „Непослушност – Политика на телото“. Основната идеја е отпор кон мачизмот.

Краток синопсис

Во мизерно село во Украина, мало бунтовно 5 годишно девојче учи за животот гледајќи ја романсата на нејзината братучетка (тинејџер) со млад криминалец. Но, кога тој бега поради убиство, нејзината братучетка е присилена да се омажи со некој друг. Како резутат на тоа, малата хероина мора да разбере колку е битно да се бориш за твоите сништа.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top