Кога Доналд Трамп ќе ти направи „фотобомба“ на венчавката (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кристен Пјатковски и Такер Гледхил го доживуваа еден од најзначајните денови во нивниот живот, кога на нивната свадба ненадејно влета американскиот претседател Доналд Трамп.

Пјатковски и Гледхил ја одржувале свадбата во Голф клубот на Трамп во Њу Џерси и не ни помислувале дека на прославата ќе се појави американскиот претседател.

Причината за „упадот“ на Трамп на свадбата не е позната, но тоа не им пречеше да сватовите да почнат да се фотографираат со претседателот. Секако Трамп направи заедничка фотографија и со воодушевените младенци.

Набрзо по настанот, социјалните мрежи беа преплавени од фотографии и видеа од „упадот на Трамп“.