Home Шоубизнис Кога Џим Кери ќе реши да ви наслика портрет – тоа е фешта „за сите пари“

Кога Џим Кери ќе реши да ви наслика портрет – тоа е фешта „за сите пари“

Иако комичарите најчесто добиваат критики за некои нивни несолени и малку претерани шеги и исмевања (иако, да бидеме искрени, никогаш неоправдано и неиздржано не го прават тоа), легендата Џим Кери наиде на критики не поради неговите комичарски „испади“, туку поради неговото хоби со кое фанатично се занимава и е одличен во истото – уметничкото сликање.

Актерот и комичар пред извесно време беше мета на критики на социјалните мрежи околу еден не многу ласкав портрет што го насликал, за кој се претпоставува дека ја претставува секретарката на Белата куќа за печатот, Сара Хакаби Сандерс.
Кери своето дело го објави на Твитер со придружен текст:

„Ова е портрет на таканаречената христијанка чија единствената цел во животот е да лаже од името на злите луѓе. Монструозно!“

Повеќето критичари тврдат дека делото на Кери е срамно, додека други жестоко негодуваат поради употребата на именката „христијанка“.

Меѓу оние што го критикуваа портретот е и бившиот гувернер на Арканзас, Мајк Хакаби, таткото на Сандерс.

„Патетичниот СИЛЕЏИЈА, сексист, хејтер, фанатик и христијанофоб Џим Кери ја напаѓа прес-секретарката поради нејзината вера; каква ќе беше лицемерната холивудска реакција ако тој наречеше некого ‘таканаречен муслиман’ или ‘таканаречен Евреин’“, напиша Хакаби.

Асистентката на Кери за медиумите потврди дека портретот е негово дело, но не и дека на сликата е Сандерс. Белата куќа не побара објаснување од Кери.

Ова не е прв критички однос на Кери во светот на „политичката уметност“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ника Тошиќ разочарана од оние што најмногу ги сакаше: Мислевте дека не знам што зборувате зад мојот грб

Ника Тошиќ разочарана Ника Тошиќ се разочарала во оние на кои им верувала и со кои била бл…