Кога дадилките ќе се замешаат во браковите од славните парови


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако биле најмени да ги чуваат децата на познати мајки, овие дадилки се „зближиле“ со татковците, што довело распад на браковите на славните двојки.

Во продолжение се наведени некои славните двојки за чии разводи причина биле „фаталните“ дадилки.

Гвен Стефани и Гевин Росдејл

Бракот на Гвен, пејачката на групата „Но даут“ и Гевин важеше за еден од најстабилните во Холивуд, но потоа како гром од ведро небо дојде веста дека тие се разведуваат.

Нивниот брак траеше 13 години и имаа три сина. Причина за равзодот беше тоа што Кевин ја изневерил својата сопруга со дадилката.

За неверството на сопругот, Гвен била предупредена од своите пријатели.

Џенифер Гарнер и Бен Афлек

Кога беше објавено дека Џенифер Гарнер и Бен Афлек се разведуваат, многумина не веруваа во тоа. По 10 години брак и три деца, една од најпознатите холивудски двојки одлучија да се разведат.

Магазинот „Ју-Ес Викли” објави дека една од главните причини за развод е дадилката на нивните деца, Кристин Узунијан.

Иако пи-ар тимот на познатиот глумец тврдеше дека тоа е лага, магазинот „Ин тач” објави фотографии од луксузниот хотел „Бел-ер“ каде Узунијан се сонча покрај базен, тврдејќи дека сите трошоци на луксузниот одмор ги платил токму Бен.

Ума Турман и Итан Хоук

Дадилката беше кобна и за бракот на холивудските ѕвезди Итан Хоук и Ума Турман, кои се разведоа во 2005 година, по пет години брак.

Набргу, глумецот и се ожени со дадилката Рајан Шохјуз. Од бракот со Ума, Итам има две деца, исто колку и од бракот со Рајан, кој сè уште трае.

Викторија и Дејвид Бекам

Во 2004 година јавноста ја разбранува аферата што ја обелодени таблоидот „Њуз оф д ворлд”, пренесувајќи изјава на асистентката на Дејвид Бекам и дадилка на неговите деца, Ребека Лос.

Дадилката тврдеше дека четири месеци била во врска со тогашниот фудбалер на Реал Мадрид, како и дека има секси СМС пораки кои тоа го потврдуваат.

Арнолд Шварценегер и Марија Шрајвер

Приказната за познатиот глумец е доказ дека ниту една тајна не може засекогаш да остане тајна. Арнолд својата сопруга ја изневерувал многу години пред таа тоа да го открие.

И не само тоа. Холивудскиот глумец и поранешен гувернер на Калифорнија од дадилката на своите деца добил и дете.

Милдред Баена на легендарниот „Терминатор” му родила син пред 15 години, неколку дена пред Марија Шрајвер да го роди нејзиниот син Кристофер.

Кога пред неколку години тајната беше откриена, Марија поднесе барање за развод.

Џад Лоу и Сиена Милер

Додека беа заедно, важеа за една од најубавите двојки на јавната сцена, а потоа Џад ја измами својата вереница и тоа, секако, со дадилката по име Дејзи Вајт.

Откако била откриена неговата прељуба, Сиена ја раскина веридбата. По неколку години, тие се смирија и повторно се верија, но и овој пат не стигнаа до матичарот.