Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Е-класата на Mercedes во издание на AMG е суперспортски автомобил на кој малку кој може да му парира. За секој случај, тука е и S изданието, а за оние кои бараат нешто навистина посебно, единствена опција е Brabus.
А Brabus тргнува таму каде што застанува AMG – буквално. Основата е Е63 Ѕ која во стандардното издание нуди врвни перформанси. Неговиот 4.0 V8 biturbo мотор испорачува 612 коњски сили во својот максимум и го придвижува моделот од Е-класата до 100 км/час за 3,5 секунди. Brabus минатата година понуди издание со 700 коњски сили, а сега оди чекор понатаму.
Верувале или не, 4.0 V8 сега влегува во сосема нова територија, како и самата Е-класа. Развива неверојатни 800 коњски сили и спремен е да вози рамо до рамо со најбрзите „спорташи“ на светот. За жал (или за среќа), поставена е блокада на 300 км/час. Притоа, на располагање стојат 1.000 Nm обртен момент и тоа веќе од 3.600 вртежи во минута. Иако се вгратени нови турбини, Brabus на „тјунингот“ од моторот му дава тригодишна гаранција, односно 100.000 километри.
Ако се прашувате што може сега Е-класата, можеме да ви кажеме само една работа. Е63 Ѕ развива 100-ка за 3 сеунди, а во караванското издание 100 км/час развива за неверојатни 3,1 секунди.
А за заинтересираните, Brabus дополнително ќе им го олесни паричникот со скапи додатоци и доплати во вид на каросериски елементи од карбон. Ништо поевтини не се ниту 21-инчните бандаши, а на истиот список ќе го додадеме и спортскиот издувен систем.