Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес ви ги претставуваме некои од најчудните видови овошје што растат на различни делови на светот, а што можат да се најдат во нашите супермаркети.
- Питаја
Позната по својата необична боја, питајата расте во Централна и Јужна Америка и во некои делови на Источна Азија. Обично може да се најде во две бои, црвена и жолта. Внатрешноста е бела со црни мали семки.
- Дуријан „Крал на овошјата“
Така често го викаат ова овошје, се разбира, тие кои го сакаат. Расте во Југоисточна Азија и е многу тешко да се отвори. Плодот на дуријан има многу остар мирис, дури многу луѓе не можат да го консумираат бидејќи „запнува“. Сепак, оние кои уживаат во дуријан, велат дека кога ќе го отворите тврдата опна, ве чека мирис што потсеќа на бадеми.
- Карамбола
Карамболата со својот карактеристичен облик потсеќа на морски ѕвезди. Вкусот е комбинација на папаја, грејпфрут и портокал. Карамболата расте во јужниот Пацифик и во некои делови на Азија.
- Рамбутан
Ова овошје може да се најде во скоро секое двориште во азиските продавници. Сладок вкус, а кората е бледо црвена, додека внатрешноста е прозирно-бела. Кај нас семето на ова овошје се продава, па често можете да го видете во многу домови во саксија.
- Кивано
Киванот настанал во Африка и затоа се вика „Африканска рогата диња“. Може да се најде во некои делови на Австралија и делови од Калифорнија и Америка. Внатрешноста на плодот кивано е изразито зелена со многу семки. Месото потсеќа на желе. Вкусот е сличен на комбинација на краставица, банана и лимон. Вкусот не е претерано ароматичен, дури може да се рече дека е чуден. Ако го јадете свеж, најдобро е да ги разделите плодовите по должина и да користите лажичка. Иначе, во светот плодовите од киваното се користат како додатоци во разни салати, како состојки во преливи, но и за украс.