Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Специјалните јавни обвинители добивале надоместок поради доверливоста на нивната работа околу прислушувањето на „бомбите“. Овие надоместоци понекогаш биле во висина колку и нивната редовна плата, истражува емисијата „Код“ на „Телма“.
Оваа одлука е класифицирана информација и обвинителите се обврзале да молчат за надоместоците до крајот на животот. По завршувањето на мандатот на шефицата Катица Јанева никој не може да ја ослободи од тајност, дознава „Код“.
Додатоците на платата се исплаќани по основ на договорни услуги. Токму ставката за договорни услуги е највисока во финансиските извештаи на СЈО за последните три години. Под договорни услуги се подразбираат исплати за вештачења, консултантски услуги, но и дотатоците кои се исплаќани на вработените, а кои се тајна одлука.
За договорни услуги најмногу се исплатени во 2018 година, или 2 милиони евра. Претходната година по овој основ се исплатени 1.600.000 евра од буџетот на СЈО.
„Код“ ги споредува и финансиските извештаи на СЈО со оние на Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое го води обвинителката Вилма Русковска. Споредбата говори дека СЈО имало 8 пати повисок буџет од буџетот на Русковска.
Извор: Фокус