Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонската историчарка Наташа Котлар на својот ФБ профил објави статија напишана околу 1940г од страна на Кочо Рацин за значењето на Илинден. Уште пред извојуваната слобода за сопствена држава, познатиот поет пишува за Илинден како дел од борбата на македонскиот народ, нешто што ја демантира официјалната бугарска историографија и политика кон нас, дека до 1944г, Македонците биле Бугари.
„ … Изучувањето на историјата, особено изучувањето на историјата на еден народ, секој пат значела многу за тиа што се бореле за слободата и прогресот на еден народ. Затоа и се вика, дека историјата била учителка на народите… таја учителка ни е потребна, баш у овој важен момент, на нас Македонците, за да би могле да си го најдеме едниот вистински пат у нашата борба. Оти баш сега, у овие наши матни денови, кога на многу лесни глави им се звартуе паметот, историската наука, а Илинден има најголемо значение за нас.
Што беше Илинден? Кога дојде, како стана и што нè учи тој? …Илинден е најголемата дата у целата досегашна борба на македонскиот народ. Илинден беше првиот вистински пат и едничок начин да се ослободи тој народ, и како таков, тој покажа со крваво платено искуство, како требе да се води таа борба…
Илинден го спреми и организира В.М.Р.О. Таја тогај вистински верна организација на македонскиот народ основана од неговите први верни синови, за го отфрли петвековниот турски јарем, тргна само по едниот верен пат на таја борба: да ослободувањето на Македонците не може да стане само от самите Македонци. И тогај се мислеше дека слободата ќе ни ја донесе некој друг. И тогај некои клапави синови на македонскиот народ мислеја и се надеваја дека таа слобода ќе ни ја даде некој отаде Блгарија, Европа или некој друг, само не самиот македонски народ. Но неговите верни синови знаеја кој може това вистински да го стори и по кој начин и патишта треба това да стане. Економското состојание, народносното состојание, народните потреби и вистински револуционерни сили што се развивајат од сичко овова – ете, това беше првата стапка од кај што требеше да се тргне, и от кај што тргнаја верните борци и организатори на Илинден.
Првата В.М.Р.О. била направена од неколку поразбудени Македонци, ама како масовна организација таја почнуе да биде од 1896 г. Тогај на чело стоеше Даме Груев. Таја организација, како вистинска револуционерна организација, јасно се определи што сака и како ќе го постигне: масовно организирана револуционерна акција и самата Македонија, водена од самите Македонци. Оти за организаторите на В.М.Р.О. беше јасно дека само така може да се освојуе слободата на Македонија. Оттогај, па до 20 јули (2 август, б.н.) 1903 кога стана Крушевското Илинденско востание, вистинските народни борци непрестано работеја у народот, пропагандираја, дигаја свест, организираја месни комитети, вооружени борбени одреди – чети – и сè што требаше да се дигне едно народно востание. Но едно е овдека да се каже, за да се разбере целиот карактер на едно такво востание.
Првите борци на В.М.Р.О. – Даме Груев, Гоце Делчев и Јане Сандански, како вистински народни борци, убаво знаеја што беше тогај Македониа и какви се вистинските потреби за нејзините народи… Оти тија вистински народни борци убаво знаеја дека само така, по тој начин и со тија сили не само што ќе се ослободи Македонија, ами ќе ѝ се даде начин да се економски културно развие и подигне како нација. Затоа оние под своето знаме ги викаа сите народи што тогај живееја во Македонија и страдаа од турскиот феудален јарем: Македонците, Турците и Арнаутите… Но разбира се, това никако не ујдисуваше на државните управители што беа околу Македониа. Сите тие фрлија око на неја и си ја сметаја како своја. Си чекаја само прилика, како да си ја земат. Идеалот на В.М.Р.О. само ги заплаши, и на секој начин гледаја да нестане. Најповечку за тоа се загрижи Блгарија. Блгарското управление сметаше дека кога и да е Македониа треба да биде негова, та затова уште тогај се почна усилена пропаганда да се прикажуваат Македонците како македонски блгари, кои требе да се соединат со својата мајка, и сета нимна борба за ослободуење ќе требе да има таква цел…“ [Статијата е напишана околу 1940 г.]
https://www.facebook.com/kotlarn/posts/10157217475288070