Advertisements
Вебкафе

Кобни бебешки лежалки: 32 бебиња починаа во вакви

Производителот на бебешка работи Fisher-Price повлече милиони лежалки за бебиња од продажба откако најмалку 32 бебиња починаа во примероци од нивни лежалки,објави американската комисија за безбедбност на потрошувачите.

„Смртта на бебињата настанала во лежалките од типот Rock ‘n Play , откако бербињат се вртеле на стомак или на страна додека не биле под надзор или во други околности”, наведува комисијата во извештајот. Од продажба ќе бидат повлечени 4,7 милиони лежалки. Од 2009 во овие лежалки починале најмалку 32 бебиња“, се наведува во извештајот.

Компанијата Fisher-Price вчера соопшти дека сите производи ги повлекува од продажба по добивањето на извештајот од комисијата.

„Иако и натаму стоиме зад безбедноста на своите производи, со оглед на пријавените инциденти во кои производот се користел спротивно на предупредувањата и упатствата , решивме дека доброволно повблекување на пероизводот е најдобриот начин на делување”, соопшти компанијата во сопственост на Мател.

И американската педијатриска академија повика на повлекување на овие лулашки , а нејзиниот претседател Кајл Јасуда ги нарече смртоносни.

Advertisements
To Top