Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хеликоптерската несреќа која се случи во неделата, во која кошаркарската легенда Коби Брајант трагично го загуби својот живот, заедно со неговата ќерка Џијана и уште седум други лица, светот го остави во шок, тага и неверување.
Заедно со Коби во авионот имаше уште осум лица, вклучувајќи ја и неговата ќерка и ниту еден од нив не го преживеа падот на хеликоптерот.
Брајант хеликоптер како превозно средство користеше уште од времето кога беше играч. Во една прилика тој објасни и дека тоа не го прави за да се фали со своето богатство туку затоа што му било потреба. Во Лос Анџелес владее голем метеж и одењето на тренинзите и натпреварите може да одзема многу време, дополнителен проблем е што во метежот сигурно би се појавиле и фанови кои сакаат да се сликаат и да добијат автограм од големата ѕвезда.
Денес медиумите во САД повикувајќи се на извори блиски до семејството Брајант пишуваат дека Коби и неговата сопруга Венеса имале договор ако е можно секогаш да избегнуваат двајцата да летаат со хеликоптер не сакајќи да ги остават нивните деца без двајца родители.
Извори блиски на Коби и неговата сопруга откриваат дека Ванеса инсистирала секогаш кога е можно да се избегнува патувањето со хеликоптерот и истиот да се користи единствено во неизбежни случаи. Дали било неизбежно под крајно лоши временски услови да се патува неделата, никогаш нема да биде откриено.