Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Прерано и трагично загинатата кошаркарска НБА легенда Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана биле погребани минатиот петок на приватна погребна церемонија во Оринџ Каунти, Калифорнија.
Семејството Брајант се одлучило за приватен погреб, далеку од очите на јавноста. Чинот се случил на 7 февруари, две недели по трагичната хеликоптерска несреќа.
„Ванеса и семејството сакаа приватна церемонија. Чинот беше исклучително тежок за сите, сè уште им е тешко да сфатат дека ги загубиле нивните две прекрасни души“, изјави извор за „Ентертејмент Тунајт“.
Јавна комеморација е планирана за 24. февруари во Стејплс Центарот, датум кој е поврзан и со Коби и со Џиџи. Февруари е вториот месец од годината и го претставува бројот на дресот на Џијана 2. 24 е еден од двата броја на Коби Брајант.
Комеморацијата на 24 февруари ќе биде во чест на сите девет жртви од несреќата.