Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
72-годишниот бразилски писател Пауло Коељо и прерано трагично загинатата кошаркарска и НБА легенда Коби Брајант пишувале заедничка книга за деца, проект за кој тие двајцата разговарале уште од 2016 година, кога Брајант се пензионираше од професионалната кошаркарска кариера.
Но, бразилскиот писател ги избриша нацрт книшките по смртта на Брајант во хеликоптерската несреќа, јавуваат западните медиуми. Книгата почнале да ја пишуваат пред неколку месеци.
Меѓутоа, Коељо, како што вели, не сака да ја заврши без својот партнер.
„Го избришав нацртот, оти не гледам никаква смисла во објавувањето книга без него. Тоа не би значело ништо релевантно ни за него, ни за неговото семејство, изјави Коељо, кој живее во Женева. – Тоа не значи дека еден ден нема да пишувам за нештата кои ги научив од Коби и за тоа како тој беше човек поголем од животот… Сепак, книгата за деца повеќе нема смисла“, уште еднаш нагласи тој.
Познатиот бразилски писател, чиишто книги се продадени во десетици милиони примероци ширум светот, рече дека идејата за книгата била – како да се инспирираат децата од загрозени семејства, односно оние од пониските слоеви на општеството, низ спорт да се изборат за своето место во светот.
„Гранити Студиос” на Брајант објави повеќе романи за средношколци и младинци, а 2018 година и неговата автобиографија „Менталитетот на Мамба: Мојата игра“ (The Mamba Mentality: How I Play). „Мамба“ е прекарот на Брајант.