Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант, не сака да живее од стара слава, туку се надева дека ќе започне нешто ново во што ќе биде еднакво успешен како во кошарката.
„Доколку кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување“, изјави Брајант.
„Целта е едноставна, сакам наредните 20 години да бидат подобри од претходните 20. Тоа е она што ме движи. Предизвик ќе ми биде да заборавам сѐ што било и да се фокусирам на иднината, а тоа нема да биде лесно. Кариера долга 20 години. Она што го оставив зад себе. Лесно е да се потпирате на такви работи. Тешко е тоа да се остави зад себе и да се фокусирате на изградба на студио, на изградба на нов бренд. Да се движите напред, тоа е најголемиот предизвик“,заклучи освојувачот на пет шампионски титули со ЛА Лејкерс.