Клучните луѓе на Реал Мадрид за операцијата „НЕЈМАР“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веќе подолго време медиумите шпекулираат за евентуален трансфер на Нејмар во Реал Мадрид, а каде што има чад има и огран.

Нејмар е голема трансфер желба на Реал Мадрид и „кралевите“ нема лесно да се откажат од него, па веќе работат на трансферот.

Бразилецот е играч кој многу допринесува не само на теренот, туку и надвор од него во комерцијални цели, што е многу важно за Реал Мадрид.

„Марка“ пренесува дека луѓето од „Сантиаго Бернабеу“ ја имаат целата ситуација под контрола, особено откако и самиот Нејмар изрази желба да се врати во Примера. Сепак, ова ќе биде многу тешка операција, па затоа „кралевите“ веќе работат на тоа.

Јуни Калафат, тоа е човекот кој го посети Нејмар во Бразил два пати во последните два месеци. Тој е истиот човек кој го договори трансферот на Винициус во Реал, и е задолжен за сите трансфери кои „кралевите“ ги прават од Бразил. Тој добро го познава Нејмар и наводно веќе два пати бил во неговиот дом.

Нејмар нема откупна клаузула, па останува Реал и ПСЖ да се договорат околу цената, што воопшто нема да биде лесно. Практично, кончената одлука ја има претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи, а медиумите тврдат дека е логично да бара сума од 250 милиони евра.

Втората клучна личност во целата операција е Пини Захави, познат фудбалски агент кој веќе имал неколку средби со таткото на Нејмар и наводно пуштиле рака за трансферот. Пини Захави е всушност човекот кој Нејмар го однесе во ПСЖ од Барселона.

Главната задача на Захави сега е да го убеди Ал Келаифи да се согласи на трансферот, а за да успее во тоа Нејмар кора да направи притисок врз ПСЖ и да покаже јасна желба да се пресели во Мадрид.

Значи, Јуни Калафат, Пини Захави, таткото на Нејмар и Флорентино Перез се клучните луѓе за овој трансфер и веќе активно работат на него.