Клубовите од Премиер лигата го соборија јануарскиот рекорд


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Клубовите од Премиер лигата поставија нов рекорд во потрошени пари кога се јануарските трансфери во прашање.

Како што пренесе „Би- Би-Си“ англиските клубови потрошиле 430 милиони фунти и го собориле рекордот од 2011 година кога беа потрошени, тогаш рекодни 255 милиони фунти.

Интересен е податокот дека само во последниот ден од преодниот рок биле потрошени 150 милиони фунти.

Најскап беше трансферот на Вирџил ван Дијк од Саутемптон во Ливерпул вреден 75 милиони фунти, а во Топ 3 се уште трансферите на Емерик Лапорте во Манчестер Сити (57 милиони фунти) и Пјер Емерик Обамејанг во Арсенал (56 милиони фунти).