Клубовите им нудат играчи и бараат: Нема испаѓање за Шапикоенсе во следните три години!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Големите клубови од Бразил се обединија по трагедијата која го погоди Шапикоенсе и побараа од федерацијата да го заштити клубот и да не му дозволи да испадне од Серија А во следните три сезони.

Големите клубови се спремни да направат се за Шапикоенсе да не згасне после трагедијата и да продолжи да функционира.

Малиот клуб од Чапеко во 2007 настапуваше во четвртата лига во Бразил, за седум години подоцна да се избори за настап во елитата, а оваа сезона се пласираше и во финале на Копа Судамерикана.

По големата трагедија, пред Шапокоенсе сега се црни денови, а гигантите од Бразил веќе скроија план како да помогнат.

Коринтијанс, Крузеиро, Палмерирас, Сантош, Сао Пауло, Крузеиро, Васко, Ботафого, Кортиба и Флуминенсе се дел од клубовите кои предложија во 2017 Чапекоенсе безплатно да добие играчи на позајмица.

Тие исто така побараа од Фудбалската Федерација на Бразил да донесе одлука клубот да не смее да испадне од Серија А во следните три сзезони.

Притоа, во последното коло во бразилското првенство сите клубови во знак на солидарност ќе излезат на терен во дресот на Шапикоенсе.